Сместувачките објекти, туристичките агенции и другите чинители во туристичкиот сектор во иднина ќе бидат контролирани од нов инспекторат. Ова се должи на иницијативата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, за формирање на Туристичка инспекција која била прифатена на 76-та седница на Владата на Република Македонија, која се оддржала на 26-ти мај 2015 година.

-Владата на Република Македонија ја прифати иницијативата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и одлучи да се формира туристичка инспекција како самостојна институција, со ингеренции и организациона поставеност по моделот на Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите кои ќе бидат дел од туристичката инспекција ќе бидат преземени од Државниот пазарен инспекторат, информираат од АППТ.

Оттаму додаваат дека оваа одлука ќе значи многу за развојот на туризмот, зголемување на конкуренцијата во туризмот, но и заштитата на потрошувачите во секторот туризам.

OhridNews