Група незадоволни работници од АД ЕМО Охрид, најавуваат формирање на нов синдикат.

„Дел од вработените дипломирани инженери, економисти, техничари и работници на кои поединечно не им се слуша гласот одлучија да формираат Синдикат, кон кој ќе можат да се придружат сите заинтересирани вработени во ЕМО“, стои во дописот испратен до нашата редакција.

Други детали за иницијативата не се соопштуваат.

Доколку се остварат ваквите, сеуште непотврдени најави, тоа ќе биде трета синдикална поделба во некогашниот стопански гигант. Помеѓу постоечките синдикати на СИЕР и Независниот синдикат во ЕМО постои голема нетрпеливост, а двата синдикати меѓусебно се обвинуваат за партиски влијанија и сервилност кон раководните структури.

Ohridnews