Иницијатива за формирање Агенција за туризам поведе Владата на Република Македонија.
Целта е институционално да се поттикне развојот на туризмот, соопшти владиниот портпарол, Ивица Боцевски. Тој најави дека Агенцијата ќе биде задолжена за промовирање на Република Македонија како туристичка дестинација, како и за координација со бизнис заедницата која работи во сферата на туризмот.
Владата одлучи дека најсоодветниот облик е Агенција за туризам, рече Боцески кој информираше дека наскорро ќе бидат направени соодветни законски измени, потребни за формирање на ова државно тело.
ohridnews