Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија доби зелено светло од пратениците во македонското Собрание.

Основните надлежности на Агенцијата се унапредување и промоција на туризмот, професионално презентирање на сите сегменти и региони од туристичката понуда, подготвување и реализиција на Програмата за промоција и поддршка на туризмот,  обезбедување информативен пропаганден материјал за промоција на туристичките вредности, подготвување на објективни анализи и прогнози во врска со движењето на туристичкиот промет во функција на насочување на идни активности, активно промовирање на вкупниот туристички потенцијал на Република Македонија во земјата и во странство, формирање и развивање единствен туристичко информационен систем и негово поврзување со други информативни системи во земјата и странство.

Пратеникот од Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов во расправата истакна дека законското решение е добро и дека  во периодот што претстои Агенцијата треба да направи голема промоција на туризмот како во државата, така и надвор од неа. 

Ohridnews