Според Јавниот оглас на програмата кон овој проект може да се вклучат Југозападниот, Пелагонискиот и Полошкиот регион. Крајниот рок за доставување на проектите за добивање на средства од оваа програма е 19 јули 2010 година. Покрај Локалните и регионалните власти, свои проекти може да достават и невладини и непрофитабилни организации, здруженија, фондации, локални претприемачки агенции, развојни агенции, стопански комори, туристички агенции, образовни институции, институции за обука и истражување, синдикати, јавни претпријатија и други субјекти.
Подетални информации во врска со начинот на доставување на документите за аплицирање, се наведени во Упатствата за аплицирање кои се објавени на www.mls.gov.mk и www.mie.gov.al.