Поддршка за  стандардизација на правна помош за жртви од семејно насилство,  ќе биде главната цел на проектите кои ќе ги финансира  канцеларијата на УНИФЕМ -Развојниот Фонд за жени при Обединетите Нации, во рамките за заедничката програма со Министерството за труд и социјална политика, за превенција од домашно насилство.


За добивање на средства од оваа програма, свои проекти ќе може да поднесат, сите заинтересирани здруженија на граѓани од Република Македонија. Повикот за аплицирање ќе биде отворен до  29-ти март 2010. Сите подетални информации за Повикот како и Формуларот за апликација, можете да најдете на Линкот кој е приложен на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика.

OhridNews