Националната комисија  за УНЕСКО при Министерството за култура на Република Македонија известува дека е упатен повик до државите членки да поднесат предлог проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2016-2017 година, кои треба да бидат во согласност со приоритетите на Регуларната програма на организацијата.

Секоја  членка,  преку својата  Националната комисија за УНЕСКО,  може да поднесе најмногу до 7 барања односно проекти. Од областите  на  науката, образованието и културата  по 2 предлози, 1 предлог од областа на животната средина и 1 регионален  проект. Националните  проекти се финансираат до 26.000 долари, а регионалните, интеррегионалните или субрегионалните проекти  до 46.000 долари.

Предлог-проектите потребно е да ги доставите до Министерството за култура – Национална комисија за УНЕСКО најдоцна до 10-ти јуни 2016 година. Подетални информации за условите постапката за  избор на предлог проектите може да се  најдат во Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2016  – 2017 година на интернет страна на УНЕСКО (www.unesco.org)

OhridNews