Согласно условите, пропишани со Законот за домување, Лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбена зграда, може да добие правно или физичко лице ако ги исполнува следниве услови:
– да е регистриран во Централниот регистар на Република Македонија за вршење на дејности на управување и
– да има најмалку пет вработени лица, од кои двајца со високо образование (дипломиран правник и дипломиран економист) и три лица со најмалку средна стручна подготовка.