Сите препријатија кои се регистрирани во Република Македонија ќе може да аплицираат за Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2014 година, која ја доделуваат Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија на Република Македонија.

Наградите се наменети за мали средни и големи препријатија и ќе се доделуваат за следните категории Однос кон вработените; Етичко управување; Односи на пазарот со снабдувачите, потрошувачите или купувачите; Однос кон животната средина и Вложување во заедницата. Оваа година првпат ќе се додели и Признание за најинвентивен проект или практика.

-Целта на Наградата за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата е да промовира позитивни практики на општествено одговорно делување на претпријатијата во Македонија и да инспирира воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност на претпријатијата. Едно  претпријатие  може  да  аплицира само  со  еден  проект  во  една  категорија, а може да учествува со повеќе проекти доколку се во различни категории. Големината  на  буџетот  за  одредена  практика,  не  е  одлучувачки  фактор,  туку  идејата,  квалитетот  на проектот, како и постигнатите резултати. Наградените ќе бидат избрани од страна на стручни жири комисии, пишува во насоките за апицирање.

Апликациите за пријавување, со насоки и критериуми за селекција се достапни на веб страницата на Министерството за економија, а пријавите може да се доставуваат најдоцна до 30‐ти јуни 2015 година.

Националната награда и оваа година е помогната од проектот „Општествена одговорност за  сите“, кој е кофинансиран од Европската унија и во Македонија го спроведува Бизнис Конфедерација на Македонија.

OhridNews