Денеска ќе се одржи финалниот натпревар на „Ораторските средби” што општина Охрид ги реализираше по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот“ од Григор Прличев. На настанот ќе присуствува и правнуката на Прличев, Олга Прличева.

Најдобриот оратор на овој натпреварар ќе добие Ловоров венец кој ќе  му биде врачен од страна на градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.

-На ваков начин, преку најмладите таленти, општина Охрид   уште еднаш го потврдува вонвременското значење на ликот и делото на неповторливиот Прличев и ја стимулира творечката креативност на младата охридска популација, потенцираат од локалната самоуправа.

Според пропозициите, на 18-ти, 19-ти и 20-ти март, во салата на НУ Библиотека „Григор Прличев” се одржаа три полуфинални натпревари на кои, според одлуката на стручна жири – комисија, отпаднаа по двајца натпреварувачи. За финалето на ораторскиот натпревар се пласираа учениците Теодора Николоска од ОУ „Христо Узунов“ , Сара Паункоска од  ОУ„Григор Прличев“ и Арифа Малоска од ОУ „Братство-Единство“.

OhridNews