Каде сакаме да го видиме туризмот во иднина? На какво ниво е туризмот во моментов?  Како да стигнеме до посакуваното ниво? Дали нивото на соработка помеѓу институциите влијае врз туризмот во Охрид? Што треба да се промени во понудата во градот, за да се привлече поголем број на домашни и странски туристи? Туризмот во Охрид и медиумите? Ова ќе бидат дел од прашањата за кој јавно ќе се проговори на Отворената дискусија, која ја организира Општинската организација на ВМРО-Народна партија во Охрид.

Дискусијата ќе се одржи на 16 април 2010 година, петок со почеток  во 18 часот во големата сала на Општина Охрид. На дискусијата може да земат учество сите засегнати страни,  за кои развојот на туризмот има големо значење.

OhridNews