Министерството за транспорт и врски објави оглас за јавно наддавање за давање под краткотраен закуп на уште три плажи на Охридското крајбрежје.
Предмет на јавно наддавање, како што соопшти министертвото, ќе бидат плажата број 5 – Горица 3 со површина од 1.667 метри квадратни и две плажи во Пештани со површина од по 2.611 и 1.357 метри квадратни.
Почетната цена на закупнината изнесува 35 денари за метар квадратен, а концесионерот ќе плаќа годишна закупнина. Рокот за доставување на пријавите за учество на јавното наддавање е 31 мај, а јавното наддавање ќе се одржи на 4 јуни 2007 година во Министерството за транспорт и врски.