Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави јавен оглас за давање под закуп на 22 хектари земјоделско земјиште во Охрид во државна сопственост.

Времетраењето на закупот е за период до 30 години за подигање долгогодишни  насади (лозја, овоштарници, хмељ), до 50 години за подигање маслинарници, до 15 години за одгледување други земјоделски култури и ливади, до 20 години за рибници, односно до 30 години  за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

Право да учествуваат на огласот имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица, под услов да немаат неподмирени долгови по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и за нив да не е отворена стечајна постапка.

Зинтересираните податоците за земјоделско земјиште може да ги најдат на огласна табла во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ohridnews