Ј.П.„Охридски Комуналец“ денеска ќе се вклучи во реализацијата на националната акција за чистење „Македонија без отпад 2015“ која ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“.
Во рамките на оваа акција ќе се спроведе расчистување на просторот околу магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од село Подмоље до сообраќајната клучка на влезот во Охрид, каде Јавното препријатие ќе ангажра 6 комунални работници за чистење и подигање на отпадот.
Исто така во рамки на акцијата предвидено е да се вкучат и учениците од основните училишта во општината, кои ќе ги чистат училишните дворови.
Оваа националната акција за чистење на околината е планирано да се одржи на целата територија на Република Македонија. Целта на овој проект е граѓаните и сите засегнати групи, организирано и што по масовно да се вклучат да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа насекаде.
OhridNews