Ќе се чисти крајбрежјето на Охридско Езеро
Активностите ќе започнат во 18 часот, кога на учесниците и граѓаните ќе им се обрати Државниот секретар на МЖСПП, Дејан Пановски. Расчистувањето на крајбрежјето ќе се одвива на појасот од полициската станица до влезот во Пештани. Во активностите ќе се приклучат еколошките здруженија на граѓани од овој регион, како и сите оние кои го сакаат Езерото. Министерството за животна средина и просторно планирање ќе го постави и Еко- караванот каде што на учесниците ќе им се подели промотивен материјал.