Наскоро Ј.П. „Охридски Комуналец“, ќе започне со чистење на септичките јами во с. Пештани.
Од „Комуналец“ информираат дека право на бесплатно чистење на јамите имаат само оние граѓани кои ги имаат подмирено обврските кон јавното претпријатие. Истите во МЗ во с. Пештани треба да поднесат барање за чистење на јамите, најдоцна до 07.02. 2008.
Пештани иако елитна туристичка населба со децении се сочува со проблемот на одлагање на фекалиите. Селото сеуште нема канализација и не е приклучено на колекторскиот систем. Локалната самоуправа неодамна оптимистички најави дека до месец мај ќе биде завршен колекторскиот систем од Метропол до Пештани и дека ќе започне приклучувањето на индивидуалните куќи и деловните објекти на колекторот.
ohridnews