Општина Охрид во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ по повод 5-ти јуни, светскиот Ден на животната средина организира акција за чистење на плажите  на потегот Грашница – Даљан од потегот на устието на реката „Грашница“ до основното училиште во Даљан.

Акцијата ке се спроведе в четврток на 4. јуни со почеток во 8 часот од платото пред стадионот „Грашница“.

Организаторите апелираат до сите еколошки   друштва и граѓани да се вклучат во оваа акција што помасовно и на тој начин на дело се покаже грижата за здрава и чиста животна средина  и, воедно, да се одбележи светскиот Ден на животната средина.За сите учесници во акцијата, ЈП „Охридски Комуналец“, ќе обезбеди кеси и ракавици, информираат организаторите.

Ohridnews