Во  рамки на проектот  Интензивна надградба на капацитети (ИНК)  Клубот на млади при Црвен крст Охрид  во петок, 12 јуни, ќе реализира акција за чистење на малите диви плажи, пристапни само со пловен објект, на потегот после кампот Градиште.

На овој начин волонтерите на Црвен крст Охрид сакаат да дадат свој придонес во подобрување на  животната средина и будење на свеста кај младите за екологијата и нејзиното значење како основен предуслов за квалитетно живеење.

Поради непристапноста на теренот во акцијата ќе се вклучи Единицата за спасување на вода и Единицата за спасување на планина и непристапни терени. Поддршка на акцијата во алати, вреќи и возило за транспорт на сметот  е обезбедена од ЈП Охридски Комуналец.

Ohridnews