Комисија испратена од страна на Министерството за транспорт и врски, наскоро ќе врши увид во документацијата на сите закупци на охридското и струшкото крајбрежје.

Доколку се утврди дека не биле преземени потребните активности за исполување на насоките и упатствата од договорите, од министерството најавуваат дека ќе се преземат санкции согласно обврските во договорите и согласно законските прописи. При тоа, договорите ќе бидат раскинати и ќе се распишат  нови објави за давање под закуп.


Од ова министерство информираат дека и во текот на летната сезона од страна на Комисијата за давање на плажите под закуп се направени увиди на сите плажи кои се дадени под закуп на Охридското Езеро во општина Охрид и општина Струга.

Кај дел од закупците на плажите се констатирани недостатоци во поглед на постапувањата согласно насоките и упатствата кои се содржани во договорите за закуп. На истите им е укажано во определен период да ги отстранат овие недостатоци. Од министерството не откриваат за какви недостатоци станува збор.

OhridNews