Изработката на просторниот план за Националниот парк Галичица е една од иницијативите за кои македонското Министертвото за животна средина и просторно планирање ќе побара финансиска помош од германска влада. За ова меѓу другото ќе се разговара  на средбата на претствници на повеќе институции што од денеска до 14 март ќе се одржи во Франкфурт-Германија.

На средбата ќе стане збор за Платформата за развојна соработка помеѓу Република Македонија и СР Германја за периодот 2009 – 2010 година. Платформата е изградена врз основа на предлози и иницијативи од ресорни министерства. Иницијативите од областа на животната средина ќе ги образложи  државниот секретар за животна средина Дејан Пановски.

„Животната средина е важен аспект на соработката на двете држави. Германија и досега поддржала огромен број на проекти од оваа област. На овие разговори ќе ги истакнеме нашите приоритети поврзани со зачувување на природните вредности на Македонија. Нашите иницијативи се Изработка на стратегија за заштита на природата , Изработка на просторни планови за Националните паркови меѓу кои и за Галичица, студија за валоризација на Мариово и зајакнување на инспекцискиот систем. За овие иницијативи ќе  преговараме и наша намера е овие  проекти да ги спроведеме, изјави за ohridnews Паноски.

ohridnews