Најфрекфентната сообраќајница во Охрид, булеварот “Туристичка“, започна да се средува за претстојните важни настани. Покрај тревнатата површина, зеленилото и застарените огради, ќе се санираат и најоштетените делови од асфалтот на повеќе локации. Екипата на ohridnews.com ги затекна градежните работници и надзорот на раскрсницата на бул. “Туристичка“ со АСНОМ кај ресторанот Охридија.


започнаа подготвителните работи за “освежување“ на Туристичка

“Самата коловозна површина беше доста оштетена имаше доста неремнини. Вршиме санација со гребење на  асфалтот, по што раскрсницата ќе биде комплетно асфалтирана. Истото ќе го направиме и на раскрсницата со улицата Стив Наумов кон ЕМО-ПЕО, Лескајца, каде исто така афалтот на бул. “Туристичка“ е во многу лоша состојба“, ни изјави Зоран Шикалоски од Одделението за сообраќај и комунален развој при општина Охрид.


наскоро раскрсницата кај Охридија со нов асфалт

Се работи за вообичаена активност која е предвидена со годишната програма на  Фондот за комунален развој, која се поклопува со подготовките  околу организацијата на неколку исклучително важни настани што ќе се одржат во наредниот период во Охрид, вели Шикалоски.

Во април Охрид ќе биде домаќин на претседателите од повеќе држави од ЈЕИ, тука ќе се одржи важна сесија на Виенскиот економски форум, ќе допатуваат и четириесетина градоначалници од Словенија, и како најважен настан кој следи секако е  Форумот на НАТО што кон крајот на јуни ќе се одржи во Охрид. Поради ова но и доаѓањето на летната туристичка сезона главната сообраќајница во градот треба да се среди, вели Шикалоски.

Г. Момироски