Граѓаните во населбата наспроти пожарната со нетрпение очекуваат надлежните да се сетат на нивните долгогодишни молби, петиции и барања и конечно да ги асфалтираат раскопаните улици кои секојдневно ги уништуваат нивните автомобили. Според најавите од локалната самоуправа, проблемот кој е стар десетина и повеќе години ќе биде решен до крајот на овој месец.

– Улицата и целиот тој кварт наспроти пожарната, особено потегот кон ул. „Абас Емин“ ќе се уреди во текот на овој месец, ни изјавија од општинската служба за информирање. Поточно, според најавите на Секторот на комунален развој и патишта санирањето на улиците во оваа населба ќе започне веднаш штом градежната оператива  заврши со уредување на улиците на други локации кое е во тек, појаснуваат од локалната самоуправа.


 Ќе се асфалтира квартот кај пожарната најави општината

Ohridnews