На 29 ноември ќе се одржи општинскиот натпревар по сообраќај на кој ќе учествуваат 10 основни училишта од Охрид и Дебрца. Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата  денеска информира дека подготовките се во завршна фаза.

„ Одржувањето на Европското првенство во квиз-натрпревар покажа дека во Македонија  имаме ситуации кои не се во согласност со кодексот европски правила и ние ќе ги применуваме европските правила во нашите идни квизови“ изјави претседателот на советот, Верољуб Василевски.

Првите три екипи ќе бидат наградени, а најдобриот на општинскиот квиз-натпревар ќе учествува на регионалниот натрпревар што треба да се одржи кон средината на декември.  Во јануари е закажан републичкиот квиз-натпревар.

Од декември се очекува да профункционира и сообраќајната единица за младинци која ќе биде составена од 17  ученици од сообраќајната струка во  ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Нејзината задача ќе биде да ја издигнува сообраќајната култура кај младите, но  членови претходоно ќе треба да посетат курс.

„ Се соочуваме со финансиски проблеми за да обезбедиме униформа за единицата. Сме во контакт со градоначалникот кој ни вети дека ќе ни овозможи средства“, рече Василевски.  
  
Како што беше кажано на денешниот состанок на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, за сообраќајната единица учениците од сообраќајните паралелки во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски “ покажале огромен интерес. 

Ohridnews