Цената на електричната енергија ќе поскапи за 13,5 проценти. Ова е прелиминарната пресметка на регулаторната комисија  за енергетика која писмено веќе ги извести енергетските компании што го побараа поскапувањето-ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН.

Најголем дел од поскапувањето се должи на барањето на ЕЛЕМ за повисока цена производната струја. Еден дел ќе добие и државната компанија МЕПСО, а со 0,45 проценти во поскапувањето ќе партиципира и австриската компанија ЕВН која бараше зголемување од 9 проценти.

Во ЕВН не се согласуваат со пресметките од Регулаторното тело за енергетика и сметаат дека комисијата го штити интересот на државните компании.

Во текот на наредната седмица се очекува да биде соопштена новата цена на електричната енергија.

Ohridnews