Одлуките за општинскиот линиски превоз на патници и на авто-такси превозот на патници ќе се најдат на дневен ред на 55-та седница на Советот на општина Охрид , која ќе се одржи наредниот четврток.
Советотна наредната седница ќе расправа по вкупно 14 точки: Предлог-Одлука за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид; Предлог-Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за новоформираното ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинг-простори; Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката (од 26.04.2004.година) за утврдување цени за вонредно чистење на улиците; Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски Комуналец“ во првите три месеци од годинава; Предлог-Одлука за усвојување на тримесечниот Извештај на РЕ „Водовод“ и РЕ „Колектор“ во првиот квартал од годинава; Предлог- Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски Комуналец“; Предлог-Одлука за формирање локален Совет за превенција; Предлог-Одлука за утврдување Нацрт- ДУП за Урбана Заедница 6 дел од урбан блок 6.1 опфат „Крст џамија“- општина Охрид; Предлог – Одлука за утврдување Нацрт-ДУП за УЗ 1 дел од урбан блок 1 опфат 1 – општина Охрид; Предлог – Одлука за донесување ДУП за дел од УЗ 16 – „Рача“ УБ 16.3 опфат 3 – општина Охрид; Предлог-Одлука за донесување ДУП за плански опфат вон населено место Лагадин- Пештани, општина Охрид, дел од УБ 9; Предлог- Одлука за утврдување на висината на надоместокот за користење на промотивно-информативен банер.
Ќе поскапи ли јавниот и такси презвозот во Охрид ?!
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com