Музичкиот новинар Грег Пармли ќе пропатува низ 13 земји на својот мотор и ќе се обиде да посети најмногу фестивали во еден месец како би поставил гинисов рекорд. Два пати во седмицата ќе се јавува во редакцијата на „Телеграф Травел“ и ќе ја опишува атмосферата на фестивалите. Тој  ќе ги посети најголемите фестивали во Хрватска, Германија, Луксембург, Полска, Србија, Швајцарија, Италија, Словенија, Унгарија, Словачка и Чешка, а својата авантура ќе ја заврши на „High Voltage“ фестивалот во Лондон.


За време на своето патување ќе пишува блог, а првиот пост ќе го објави во четврток кога ќе го посети фестивалот во Гластонбјури. Наредна дестинација ќе му биде фествалот „Graspop Metal Meeting“ во белгискиот град Десел. Од Гинисовата книга на рекорди се согласиле да отворат нова катрегорија со име „Најмногу посетени фестивали во 30 дена“. Доколку се оди според планот, Грег би требало да мине 9000 километри и да посети 26 фестивали.