Има ли образ некој во Ракометната Федерација на Македонија и да поднесе, ако не друго морална оставка по сето она што се случуваше на ракометниот натпревар Косово – Македонија во Приштина.


Сигурно дека службите на Косово ќе ги пронајдат виновниците и ќе ги казнат соодветно законите кои владеат во оваа од неодамна суверена држава.

Но проблемот е во нашиот двор. Кој си земал за право да одведе 20 тина млади момчиња кои се иднината на македонскиот ракомет и дозволил некој да се иживува со нив.

Па нели гледал селекторот, што се случува на трибините и какви пароли биле истакнати, а не побарал притоа да се прекине натпреварот, па и ако треба да се напушти теренот бидејќи во такви услови тешко и дека можело да се вооигра некоја комбинација и да се покаже што се знае и умее.

Дали тие момчиња и покрај силните навреди сакале да го продолжат мечот и да играат, или морале да го доиграат за да спасат жива глава.

Организаторот на ова гостување, РФМ, неколку пати во медиумите беше предупреден какво сценарио не очекува и што се ќе се случува на мечот. Но раководството се одважи и ги одвде младите таленти во “пеколот“, приредувајќи им меч што никогаш нема да го заборават.

Почитувани господа од РФМ, Вие сте на потег.

М.Постоловски