„Иако начелно беше договорено дека календарот на СЕХА мора да ги следи настаните поврзани со Лигата на шампиони, Металург, кој само што се врати од тешките квалификации во Норвешка, е принуден токму во првото коло да патува во најдалечната дестинација, Прешов, Словачка. Официјалниот календар го добивме на 7 септември, а за овие 2-3 дена не беше можно да се најдат авиобилети за толкава група. Металург отиде дотаму што ги редуцира тренерскиот и играчкиот кадар на само 15 лица, за да обезбеди авиокарти. Но, и тоа не помогна“, се наведува на официјалната интернет страница на Металург.
Од редовите на македонскиот шампион и минатосезонски финалист во ова натпреварување ја отфрлиле можноста за Прешов да тргнат со автобус.