Новите рестриктивни мерки за затворање на угостителските објекти, фитнес центрите и обложувалниците, кои на сила стапија во вторникот и средата, охриѓани, со мали исклучоци ги почитуваат. Регистрирани се само два прекршоци за непочитување на полицискиот час, кој започнува од 20 часот и трае до 5 часот наутро.

Кејот Македонија покрај Охридското Eзеро и парковите се омилени места на охриѓани во текот на слободното време. Од кафеаните и кафулињата, кои работат со пултови и по нарачка се конзумираат кафе, свежо цедени сокови и брза храна.

Побаравучката не е зголемена, ниту намалена со оглед во каква ситуација се наоѓаме. Најмногу се бараат кафиња и освежителни пијалaци, а од храната најбараните се пиците и бургерите, – коментираат од угостителските објекти.

Новите рестриктивни мерки на сила ќе бидат до 20 април.

Во последните денови регистирани се над 200 нови случаи на ковид -19 во Охрид, а во Општата болница и Кардиолошкиот центар хоспитализирани се повеќе од  125 пациенти.

OhridNews