Стартот на Фабијан Делф покрај аут линијата се покажа фателен за Хари Кејн. Голгетерот на Тотенхем со поткривнување го напушти стадионот, а првичните прогнози се`дека Кејн ја завршува сезоната поради повреда.

Еден гневен навивач на домашната екипа дотрча на теренот и се обиде физички да се пресмета со фудбалерот на Манчестер Сити. Режисерот на преносот вешто го сокри инцидентот, но според фотографиите играчите од Тотенхем спречиле блиска средба.

Тотенхем ќе има ултра тешка задача без Кејн да ја задржи предноста (1-0) во реваншот од четфртфиналето на Лигата на шампиони кој ќе се игра во Манчестер, но и да се избори за пласман во ТОП 4 во Премиер лигата што гарантира учество во најелитното клубско натпреварување.

OhridNews

ЛШ: Ливерпул сигурен против Порто, Сон го казни Манчестер Сити (видео)