Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн ги продолжи тренинзите со тимот, објави „Скај Спортс“.


Според британскиот медиум, Кејн тренираше со своите соиграчи за прв пат во новата сезона.

Претходно беше објавено дека на стартот на подготовките, фудбалерот не се вратил во базата на тимот и пропуштил неколку тренинзи. На 12 август беше објавено дека Манчестер сити му понудил на Тотенхем 150 милиони евра за Кејн.

На 15 август, 28-годишниот Англичанец не беше вклучен во составот на тимот за натпреварот против Манчестер сити во првото коло од англиското првенство.

Тотенхем и без својот најдобар играч и досегашен капитен, го победи шампионот Манчестер сити со 1:0.

 

ОhridNews