Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн најави дека нема да го напушти лондонскиот клуб во летниот преоден рок.

Беше неверојатно да се види приемот што навивачите на Спарс ми го приредија во неделата и да ги прочитам пораките за поддршка што ги добив изминатите неколку недели. Летово ќе останам во Тотенхем и ќе бидам 100% фокусиран да му помогнам на тимот да успее, напиша Кејн на Твитер.

Претходно беше објавено дека Манчестер сити му понудил на Тотенхем 150 милиони евра за 28-годишниот Кејн. Минатата сезона, Кејн одигра 49 натпревари на сите турнири, постигна 33 гола и постигна 16 асистенции.

OhridNews