Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн не се врати во тимот по завршувањето на годишниот одмор.

„Скај Спортс“ пренесува дека фудбалерот требало денеска да се врати во базата на Тотенхем и да ги започне подготовките за новата сезона. Сепак, Хари не се појави на денешната пракса.

Кејн смета дека има џентлменски договор со лондонскиот клуб така што може да го напушти ова лето, но Тотенхем не се согласува.

За потсетување, Англичанецот сака да замине во Манчестер сити и за таа негова желба веќе го известил клубот.

OhridNews