Научниците предупредиле дека прекумерното ловење во природните живеалишта на најтажната риба на светот може да доведе до нејзино изумирање. Рибата „Блобфиш“ може да нарасне до 30 сантиметри и живее на длабочина од 800 метри. Нејзини природни живеалишта се бреговите на Австралија и Тасманија.


Не се јаде, а живее на иста длабочина како и разни врсти ракови, и токму поради тоа често ја ловат во своите мрежи. Многу е ранлива, а е загрозена поради ловењето риба со мрежи, што претставува најдеструктивен облик на ловење. Стручното име на рибата е Psychorolutes marcidus, а во Македонскиот јазик не постои име за истата.