Пенио Даскалов од Бугарија сака да стане новата Лејди Гага и ќе се подлегне на сите можни операции за промена на полот, како и естетски операции за да успее во целта. Мисли дека тоа многу ќе му помогне во музичката кариера.
За Лејди Гага изјавил дека е импресиониран од нејзиниот изглед и нејзината музика. Тој веќе ги контактирал нејзините менаџери и им кажал што прави и дека сака да снима дует. Даскалов е поранешен учесник на бугарската верзија од шоуто „Големиот брат“, каде тврдел дека е жена. Не е познато што за неговата идеја мисли Лејди Гага.