Поради ветровитото време и големите бранови екипите не беа во можност деновиве да ги завршат активностите, но штом се стабилизира времето инсталацијата во целост ќе биде одново поставена и мостот повторно ќе биде осветлен.
Освен на мостот, ќе се изврши осветлување и на плажата Канео се до првите куќи во населбата. Активностите за поставување на светилки на карпите ќе започнат штом заврши новогодишното украсување на градот.
За потсетување, комплетната електричната инсталација од Мостот на желбите беше украдена во текот на минатата недела.