На вториот хуманитарен концерт посветен на Тоше Проески, што ќе се одржи на 5 октомври на арената „Филип Втори“ ќе бидат помовирани две досега необјавени песни на прерано починатата ѕвезда.

Станува збор за песните “Крушево“ и “Се уште сонувам дека сме заедно“.

Информацијата ја потврдиле родителите на Тоше, Никола и Доминика, при примопредавањето на
тродимензионалниот кардиоваскуларен ехо апарат на болницата во
Крушево, како дел од хуманитарните активности со кои тие го продолжуваат делото на својот син.

Ohridnews