Кај Зли дол на Галичица горат трупци кои тлееле од претходниот голем пожар со кој околу две недели се справува службите. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) посочуваат дека преземени се активности за дејствување на терен.

Превземени се активности во насока на барање за излегувањe на една екипа од ренџерите при НП Галичица и една екипа од планински спасители од Охрид. Вчера е исто така излезено од страна на ренџерите над месноста Зли дол каде и локациски се наоѓа ова ново горење. Изгасени се два трупца, но, едното чадење вчера поради стемнување и намалена видливост не е изгаснато и секако сега повторно се реактивира, велат од ЦУК.

Потенцираат дека побарано е од ТППЕ Ресен да излезат на терен да помогнат и соодветно да реагираат со противпожарно возило за шумски пожари, но истите одбиле со образложение дека пожарот се наоѓа во Национален парк.

Истиот според нив горел во изгорениот дел, така да сметаат дека нема да се прошири, посочуваат од ЦУК.

Н.С.Ј.

фото. ЦУК