Туристите кои им нудат храна на бабуните да ги намамат за да ги фотографираат ќе бидат казнувани, најавија властите во јужноафриканската престолнина Кејптаун.

Дури и некои туристички водичи намерно ги намамуваат мајмуните, за да можат туристите да ги фотографираат. Тие ќе бидат казнети согласно законите на државата, најавија официјалните лица.


Официјалните лица во Кејптаун соопштија дека прекршителите на забраната ќе бидат казнувани парично до 150 долари, или ќе поминат дури шест месеци во затвор.

Во градот и неговата околина има околу 350 бабуни. Тие во Кејптаун се заштитен вид, но ренџерите од националниот парк мораа неколкупати да убијат одреден број од овие мајмуни кога тие почнаа да се однесуваат премногу агресивно.Мајмуните станале премногу дрски во потрагата за храна, така што почнале да ги крадат торбите од минувачите во оваа популарна туристичка дестинација.