Во текот на изминатиот период, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 14 решенија против 14 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето. Притоа, на 12 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на еден вработен, мерка – „писмено предупредување“ и на еден вработен, мерка – “запирање на постапка“.
Полицаец во полициската станица за граничниот премин Ќафасан, РЦ за ГР-Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци бидејќи евидентирал возило со употреба на документи кои не одговараат на возилото кое се јавило на „излез“ од РМ.
Полицаец во ПСОН-Струга, СВР-Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци затоа што со физички напад го нарушил јавниот ред и мир.
Помошник дежурен во ПС од ОН Дебар, СВР Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за два месеци бидејќи насилнички се однесувал кон друг полициски службеник, додека пак на полицаец во ПС од ОН Дебар, СВР Охрид, изречена му е мерка „писмено предупредување“ поради тоа што насилнички се однесувал кон друг полициски службеник.
OhridNews