Државниот инспекторат за труд ќе врши засилен надзор во однос на отсуството од работа за време на празниците, како и прекувремената работа.

Според законот за работни односи,  доколку инспекцијата утврди дека се работи за празникот, за сторениот прекршок работодавачот ќе добие глоба во висина од 15 илјади евра за правниот субјект и седум илјади евра за одговорното лице во правниот субјект.

Од надлежното министерство информираат дека годинава државниот инспекторат за труд (ДИТ) добил 1.262 пријави за различни нерегуларности во работењето, како непријавени работници, работење во време на празници и прекувремено работење, од кои 938 биле анонимни пријави, а само во август имало дури 160 пријави.

Државниот инспекторат за труд во просек прави пет илјади инспекциски надзори месечно, информираат од МТСП.
Од јуни годинава функционира веб сајт на кој може анонимно да се пријават неправилности во работењето, а има и бесплатен телефон 15131.

Согласно со законот е дозволена осум часа прекувремена работа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно. На работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината кај истиот работодавач, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во републиката.

Ohridnews