Во координирана акција СВР Охрид и УЈП, вчера, извршиле контрола  во дваесет обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и Центар Жупа, при што во вкупно пет објекти-обложувалници биле констатирани прекршоци согласно законот за игри на среќа и забавни игри.

-Една обложувалница во Центар Жупа и две обложувалници во кичевските села Зајас и Грешница приредувале игри на среќа без лиценца односно без дозвола од надлежен орган. Во обложувалницата во општината Центар Жупа одземени се 5 телевизори, 2 компјутери, еден принтер, 4548 денари и друга опрема, од обложувалница во селото Зајас одземени се 2 телевизори, 2 компјутери, еден принтер, 1880 денари и друга опрема а во с.Грешница одземени се 2 телевизори, 2 компјутери и 3 принтери. При контрола во обложувалница во селото Зајас констатирано е дека обавува дејност без регистрирана фирма за што се изречени глоби врз основа на законот за регулирање на готовински промет.- информираат од СВР Охрид.

Неправилности биле констатирани и во обложувалници во струшките села Подгорци и Долно Татеши каде поради немање фискален апарат, една обложувалница е затворена до 30 дена.

Во согласност со Законот за игрите на среќа и забавните игри, кон правните лица каде се констатирани неправилности, ќе бидат и поднесени кривични пријави, стои во соопштението.

OhridNews