Во врска со Делумната забрана за движење во шума и нејзините делови издадена од МЗШВ – Скопје од 22- ри јули, ЈУНП Галичица соопштува дека се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 22.07.2015 година до 05.08.2015 година во термин од 7,00 часот наутро до 17,00 часот попладне, освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од ЈУНП Галичица. Ова ограничување не важи за вработените во ЈУНП Галичица.
Во периодот од 17.00 часот попладне до 7.00 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др). Ова ограничување не важи за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови во Република Македонија, која ќе биде во придружба на претстваник од ЈУНПГ Галичица.
За не почитување на одредбите од ова забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума без соодветна дозвола од ЈУНП Гачичица од 7.00 часот наутро до 17.00 часот попладне ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска против вредност, согласно член 106 од Законот за шумите. Дозволите можат да се подигнат во дирекцијата на ЈУНП Галичица, Велестовски пат б.б. во секторот за заштита од пожари.
Исто така се известуваат сите граѓани на Република Македонија дека е забрането палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата согласно Законот за ловството и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.
За не почитување на одредбите од ова забрана се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.
OhridNews