Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 69 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Најмногу прекршоци се регистрирани во Охрид-42, Струга-03, Кичево-15, Дебар-9, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
На прекршителите им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.
OhridNews