Откако голем број „бизнисмени“ дебело се офајдија од нелегалното снимање, умножување и продавање на музика, филмови, книги и други дела за кои не се платени авторски права, државата реши да воведе ред и да се справи со пиратеријата.Но, подобро некогаш отколку никогаш.

Министерството за култура ги презентира измените и дополнувањата на постојниот Закон за авторско право и сродните права, со кои се предвидуваат значително повисоки казни  за оние кои неовластено го користат авторското право.Казните ќе се движат од 1.000 до 5.000 евра глоба за физички лица што неовластено снимаат, умножуваат, продаваат или користат музика, филмови, книги и други дела за кои не се платени авторските права. За истите дела за правните лица казната е од 2.500 до 5.000 евра. За прекршоци сторени од користољубие, а со кои на авторот му е предизвикана поголема материјална штета предвидена е максимална глоба од 6.000 евра за физички и 10.000 евра за правни лица.


запленети пиратски ЦД-иња во Охрид

Во Охрид ова лето беа спроведени две акции за заштита на авторските права и индустриска сопственост, при што од повеќе легални и нелегални продажни места и производствени погони беа одземени над 18.000 пиратски ЦД-еа и околу 15.000 фалсификувани чорапи.

Координативното тело за заштита на интелектуалната, индуструската и друг вид сопственост најави дека ваквите акции со несмален интензитет ќе продолжат и во наредниот период во сите градови.

Г.М.