Двајцата браќа кои премногу го хранеле своето куче лабрадор, па тоа досегнало 70 килограми, минатата недела се прогласени за виновни за нанесување непотребно страдање на животното.
Дејвид и Дерек Бентон од едно англиско гратче блиску Кембриџ, казнети се на три години условно после пресудата дека на својот 10-годишен пес Расти, му допуштиле да се здебели толку што тежината му изнесувала двојно од нормалната.
„Дебелкото“ пред диетата
Ветеринарите кои го прегледале кучето изјавиле дека животното е толку тешко што постанало неспособно да оди подолго од шест чекори, па мора да седне да се одмори.
И покрај пресудата, сега веќе ослабнатиот Расти кој изгубил околу 20 килограми под надзор на ветеринарите, им е вратен на момчињата под услов да не ги врати килограмите.
С. Костоски