Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 24 решенија против 24 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето.
Притоа, на 17 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на три вработени мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен мерка – “писмено предупредување” , на двајца вработени мерка – “отказ” и на еден вработен мерка “распоредување еден степен пониско”.
Меѓу нив, се виш инспектор за општ криминалитет НК за КР Струга на кого изречена му е мерка „парична казна“ бидејќи не презел мерки за пронаоѓање на одземеното возило, пронаоѓање и фаќање на сторителот и навремено не го известил Основен јавен обвинител.На полицаец за БПС ПО за БПС Струга изречена му е мерка „парична казна“ бидејќи внел невистинити податоци во Записник за извршен увид на лице место. На полициски службеник во Полициската станица на преминот Ќафасан изречена му е мерка „парична казна“ бидејќи при извршена контрола било констатирано дека оружјето не им било чисто. Поради неисчистено оружје казнет е уште еден полициски службеник од преминот Ќафасан на кого изречена му е мерка „парична казна, како и против дежурен полицаец во ПС за ГН Охридско Езеро на кого му е изречена мерка „парична казна“.
OhridNews