До сега шестмина станоиздавачи во Охрид добиле кривични пријави, за непочитување на забрананата за издавање на сместувачки капацитети во време на пандемија. Кривични пријави заработиле и два угостителски објекти во Стругав. Ова е епилогот од контроли што Државниот пазарен инспекторат во Охридско-струшкиот регион, постојано ги врши викендов во Охридско-струшкиот регион.
Денеска состанок одржа Кризниот штаб на Општина Охрид, на кој покрај постојаните членови, присуствувал и раководителот на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Охрид. Заклучено било поради зголемениот број на посетители во Охрид, инспекторите од овој инспекторат заедно со екипи на СВР Охрид и претставници на Инспекторатот при Општина Охрид да спроведуваат 24 часовни контроли на сместувачките капацитети и да ги санкционираат оние капацитети и станоиздавачи кои ги прекршуваат препораките и уредбите на Владата, во делот на туристичката дејност и во насока на превенција од Корона вирусот „Ковид 19“. – информираше на социјалните мрежи градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
По завршување на продолжениот викенд ќе се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид. Се работи и на зголемување на подготвеноста на капацитети од здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“, доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје. – најави Георгиески.
Кризниот штаб на Општина Охрид упатува апал за максимално почитување на препораките за заштита од „Ковод 19“.
OhridNews