Казнети и затворени денеска се повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга, соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите!, напиша вечерва на својот Фејбук профил Трајковски.

Тој апелира до сите трговци, дека нема да има компромис, ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните.

OhridNews

Фото: ДПИ/Фејсбук