Со цел подигнување на степенот на безбедноста во сообраќајот на патиштата, СВР Охрид во текот на вчерашниот ден реализира акциски сообраќајни контроли на целото подрачје. Притоа, полициските службеници во Охрид, регистрирале осум прекршоци за неправилно престигнување а на подрачјето на Струга, сопрени се 15 возачи на автомобили кои извршиле непрописно престигнување.

При акциската сообраќајна контрола во Кичево, полициските службеници затекнале 3 возила кои вршат престигнување на непрегледно место, а во Дебар забележани се две такви престигнувања.

Засилените контроли на сообраќајот ќе продолжат и во наредниот период, најави полицијата.

OhridNews